Оглас за вработување – Домаќинка (огласот е завршен)
ЈУМ Центар за социјална работа-Велес на ден 01.08.2018 година објави оглас за вработување во дневните весници Нова Македонија и Лајм
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 6/2018
За вработување на неопределено време на еден(1)давател на јавна услуга од категорија Б помошно стручен службеник од второ ниво во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес за следното работно место:
- СОЗ0303Б02007-Домаќинка-Помошно стручен службеник од второ ниво, 1 (еден) извршител
Служба за услуги од социјална заштита – Оддел – Дневен центар за стари и возрасни лица во Чашка
Општи услови
- Да е државјанин на Република Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик ,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место,
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- За ниво Б2 најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование
Распоред на работно време:
- Работни денови: Понеделник – Петок
- Работни часови: неделно 40 часа
- Работно време: од 07:30 до 15:30 часот
Паричен нето износ на плата : 12.629,00 денари
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес или да се симне од интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес http://www.jumcsrsveles.gov.mk
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на проверка на веродостојноста на доказите и спроведување на интервју, на интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес – http://www.jumcsrveles.gov.mk
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.
Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:
-Уверение за државјанство;
-Уверение за општа здравствена способност за работното место;
-Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
-Доказ за соодветното работно искуство;
-Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование;
Напомена: Поради тоа што огласот се објавува по трет пат а согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2018 година вработувањата се предвидени за: еден (1) извршител од сите националности.
Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес или по пошта на следната адреса: ул.”Нада Бутникошарова “ бр.3 – Велес (со назнака за ,,јавен оглас брoj – 6/2018,,)
Оддел за административни работи и управување со човечки ресурси – Комисија за селекција на кандидати за давател на јавна услуга.
Контакт телефон : 043 231 426
Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат.
По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Велес.
Директор – Азиза Џини