oglasi
Written by igor.kocevski

Оглас за вработување (огласот е завршен)

ЈУМ Центар за социјална работа-Велес на ден 06.07.2018 година објави оглас за вработување Хигиеничар-Помошно техничко лице за одржување во дневните весници Нова Македонија и Лајм

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 5/2018

За вработување на неопределено време на еден (1) извршител во Одделот за помошно технички работи во Службата за административни и помошно технички работи во  ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес со седиште на ул.,,Нада Бутникошарева,, бр.3 Велес.

 

 

  1. СО30401А03004  Хигиеничар-Помошно техничко лице за одржување на објектите од трето ниво

еден (1) извршител во Службата за административни и помошно технички работи во  ЈУ Меѓуопштински центар

за социјална работа – Велес:

Општи услови

  • Да е државјанин на Република Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик ,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способност за работното место,
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • Основно образование
  • Без работно искуство

Распоред на работно време:

  • Работни денови: Понеделник – Петок
  • Работни часови: неделно 40 часа
  • Работно време: од 07:30 до 15:30 часот
  • Паричен нето износ на плата : 12.008,00 денари

 

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес или да се симне од интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес http://www.jumcsrsveles.gov.mk

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на проверка на веродостојноста на доказите и спроведување на интервју, на интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес –  http://www.jumcsrveles.gov.mk

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:

-Уверение за државјанство;

-Уверение за општа здравствена способност за работното место;

-Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

-Доказ – Диплома/Уверение  за завршено образование;.

Напомена: Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2018 година вработувањата се предвидени за: 1 (еден) Македонец/ка.

Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес или по пошта  на следната адреса: ул.”Нада Бутникошарова “ бр.3 – Велес (со назнака за ,,јавен оглас брoj – 5/2018,,) Оддел за административни работи и управување со човечки ресурси.

Контакт телефон : 043 231 426

Работодавачот ќе донесе одлука за вршење избор или неизбор на кандидатот во рок од 15 дена.

                               

Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат.

По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Велес.

 

Пријава за оглас Оглас за вработување