ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2025 – за пополнување на работно место со унапредување
ЈУМ Центар за социјална работа-Велес објавува интерен оглас за унапредување на двајца (2) административни службеници со пополнување на следните работни места:
- Советник – Социолог, шифра на работно место СО30102В01004 во Оддел за административни и помошно технички работи – 1 (еден) извршител
Посебни услови:
- Стручни квалификации: за нивото В1 ниво на квалификациии VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКСТ или завршен VII/1 степен, вид на образование Општествени науки – Социологија
- Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- Потребни општи работни компетенции на средно ниво се:
- Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Стратешка свест
- Ориентираност кон странките/засегнати страни,и
- Финансиско управување.
- Посебните работни компетенции за нивото
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Распоред на работното време:
- Работни денови: од понеделник до петок
- Работни часови: 40 часа неделно
- Работно време: од 07:30 до 15:30
- Паричен нето износ на плата:36.405,00 денари
- Виш Соработник – Информатичар, шифра на работно место СО30102В02005 во Оддел за административни и помошно технички работи – 1 (еден) извршител
Посебни услови:
- Стручни квалификации: за нивото В2 ниво на квалификациии VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКСТ или завршен VII/1 степен, вид на образование Природни науки – Компјутерски и информатички науки
- Работно искуство: најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
- Потребни општи работни компетенции на средно ниво се:
- Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Стратешка свест
- Ориентираност кон странките/засегнати страни,и
- Финансиско управување.
- Посебните работни компетенции за нивото
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Распоред на работното време:
- Работни денови: од понеделник до петок
- Работни часови: 40 часа неделно
- Работно време: од 07:30 до 15:30
- Паричен нето износ на плата: 32.891,00 денари
Кандидатот кој аплицира на интерниот оглас треба да ги исполнува и следните општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со закон и со актот за систематизација, како и:
- да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
- да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место кое се пополнува или да е на работно место во рамките на иста категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и доказ за исполнување на општите и посебните услови за работното место (доколку истите ги немаат претходно доставено во персоналното досие) преку архивата на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес до Одделот за административни и помошно-технички работи на ул.,,Нада Бутникошарова,, бр. 3 Велес, како и до службената електронска адреса [email protected] со назнака ,,за интерен оглас 01/2025,,.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврда за успешно реализирани обуки
- потврда за успешно реализирано менторство
Рок за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот.
Ненавремена, нецелосна и неуредна пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од ЈУМ Центар за социјална работа-Велес.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес
ВД Директор
Нада Трајкова