ИНТЕРЕН ОГЛАС број 02/2025 за пополнување на четири (4) работни места со унапредување
Врз основа на член 211 став 1 и 2 и член 212 став 5, 6 и 7 од Законот за социјална заштита (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.32/24), а по добиено Известување за обезбедни финансиски средства бр.19-2409/2 од 04.04.2025 година од Министерството за финансии, Правилникот за систематизација на работните места на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес бр.02-847/5 од 28.06.2019 година; и Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУМ Центар за социјална работа-Велес 02-1612/2 од 27.11.2019 година; 02-6011/2 од 29.12.2020 година; 02-215/2 од 31.01.2023 година и 02-59/2 од 05.01.2024 година , ВД Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 02/2025
за пополнување на четири (4) работни места со унапредување
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес, објавува интерен оглас за унапредување на даватели на јавна услуга на неопределено време за четири (4) извршители на следните позиции:
- Раководител на служба за права на парична помош – раководен службеник од прво ниво, шифра на работното место СОЗ0303А01002, еден (1) извршител во Служба за права на парична помош,
- Водител на случај – Дипломиран социјален работник, шифра на работно место СО30303А04020, два (2) извршители во Служба за права на парична помош,
- Педагог – Самостоен стручен службеник од четврто ниво, шифра на работно место СО30303А04011 , еден (1) извршител во Служба за услуги од социјална заштита – Оддел за услуги од социјална заштита.
- За работно место 1 – Раководител на служба за права на парична помош – раководен службеник од прво ниво, кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес и Законот за социјална заштита.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Секој кандидат треба да ги исполнува следните посебни услови утврдени со Законот за социјална заштита и Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес:
- За Раководител на служба за права на парична помош – за ниво А1 стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку пет години работно искуство, вид на образование Социјална работа и социјална политика , Правни науки и Економски науки
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Потребни општи работни компетенции на напредно ниво се:
- Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Стратешка свест
- Ориентираност кон странките/засегнати страни
- Раководење и
- Финансиско управување.
На интерниот оглас може да се јави давател на јавна услуга, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со закон и со актот за систематизација, како и:
- да е оценет со оцена ,,4,, или ,,5,, при последното оценување
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Работното време: понеделник до петок, од 07:30 до 15:30, 40 часа неделно
Основна нето месечна плата: 41.441,00 денари
- За работно место 2 – Водител на случај – Дипломиран социјален работник, кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови утврдени со
Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес и Законот за социјална заштита.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Секој кандидат треба да ги исполнува следните посебни услови утврдени со Законот за социјална заштита и Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес:
- За Водител на случај – Дипломиран социјален работник, за ниво А4 стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку две години работно искуство, вид на образование Социјална работа и социјална политика
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Потребни општи работни компетенции на средно ниво се:
- Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг,
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Стратешка свест,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
На интерниот оглас може да се јави давател на јавна услуга, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со закон и со актот за систематизација, како и:
- да е оценет со оцена ,,4,, или ,,5,, при последното оценување
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Работното време: понеделник до петок, од 07:30 до 15:30, 40 часа неделно
Основна нето месечна плата: 34.412,00 денари
- За работно место 3 – Педагог – Самостоен стручен службеник од четврто ниво, за ниво А4 кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес и Законот за социјална заштита.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Секој кандидат треба да ги исполнува следните посебни услови утврдени со Законот за социјална заштита и Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес:
- За Педагог – Самостоен стручен службеник од четврто ниво, стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку две години работно искуство, вид на образование Општествени науки – други опшествени науки – Педагогија
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Потребни општи работни компетенции на средно ниво се:
- Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Стратешка свест,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
На интерниот оглас може да се јави давател на јавна услуга, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со закон и со актот за систематизација, како и:
- да е оценет со оцена ,,4,, или ,,5,, при последното оценување
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Работното време: понеделник до петок, од 07:30 до 15:30, 40 часа неделно
Основна нето месечна плата: 34.412,00 денари
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена , сметано од денот на објавување на интерниот оглас. Условите наведени во интерниот оглас, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Кандидатите со уредна документација кои ги исполнуваат потребните услови ќе бидат повикани на интервју во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес.
Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција на кандидати за давател на јавни услуги формирана од страна на директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес.
Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:
- Уверение за државјанство
- Доказ за општата здравствена способност
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
- Доказ за соодветно работно искуство
- Доказ – Диплома / Уверение за завршено образование
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Доказ од последното оценување на кандидатот
- Потврда дека не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Овој интерен оглас се објавува истовремено на веб страницата и на огласната табла на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес.
Пријавата со потребната документација треба да се достави преку архивата на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес на ул.,,Нада Бутникошарова,, бр. 3 Велес, до Одделот за административни и помошно-технички работи, како и до службената електронска адреса [email protected] со назнака за интерен оглас 02/2025.
Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат.