Regular Post
Written by igor.kocevski
Јавен оглас број 02/2025
Архивски број 0401-4750/2
Врз основа на член 198 став 1 , 211 став 1 и 2 и член 212 став 3, 13 од Законот за социјална заштита (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.32/24), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ бр.143/19, 14/20 и 208/24), а во врска со член 22 и 23 од Закон за работни односи (Службен Весник на Република Македонија бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 134/16, 120/18 и Службен Весник на РСМ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (Службен весник на РСМ бр.242/24), а по добиено Известување за обезбедни финансиски средства бр.19-2528/2 од 04.04.2025 година од Министерството за финансии, Правилникот за систематизација на работните места на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес бр.02-847/5 од 28.06.2019 година; и Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУМ Центар за социјална работа-Велес 02-1612/2 од 27.11.2019 година; 02-6011/2 од 29.12.2020 година; 02-215/2 од 31.01.2023 година и 02-59/2 од 05.01.2024 година , ВД Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС број 02/2025
за вработување на еден (1) извршител во Одделот за административни и помошно-технички работи
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес, објавува јавен оглас за вработување на помошно-техничко лице на неопределено време за еден (1) извршител на следната позиција:- Возач – помошно-техничко лице за превоз на лица и на опрема од второ ниво, шифра на работно место СО30403А02001 , еден (1) извршител во Одделот за административни и помошно-технички работи
- За работно место – Возач – помошно-техничко лице од второ ниво, за ниво А02 кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес и Законот за социјална заштита.
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
- помошно-техничко лице од второ ниво, со средно стручно образование – бравар, автомеханичар
- возачка дозвола „Б“ категорија
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
- Уверение за државјанство
- Доказ за општата здравствена способност
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
- Доказ – Диплома / Уверение за завршено образование
- Возачка дозвола „Б“ категорија
ЈУ Меѓуопштински центар за
социјална работа – Велес
ВД Директор
Нада Трајкова