oglasi
Written by igor.kocevski

Оглас за вработување ( Информатичар )

Агенцијата за администрација за потребите на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес на ден 14.07.2018 година објави оглас за вработување на Помлад соработник – Информатичар во дневните весници Нова Македонија, Вечер и Лајм и на интернет страницата на Агенцијата за администрација

 

СОЗ0102В04005 Помлад соработник – Информатичар, Оддел за
административни работи и управување со човечки ресурси, Служба
за административни и помошно технички работи

1 извршител(и)

Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,
дејност или должност
.
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати
најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Информатички технологии,
Информатика, Компјутерска техника и информатика
– со или без работно искуство

Општи работни компетенции:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и

– финансиско управување

Посебни работни компетенции:
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија
(англиски, француски, германски)

Распоред на работно време:
– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 07:30 до 15:30
Паричен нето износ на плата: 21.692,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018
год. се : Македонец(ка) 1.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на
пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата
на Агенцијата за администрација.
Рокот за пријавување изнесува 15 денови, сметано од денот на објавувањето на огласот. По
истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување
на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет
страницата на Агeнцијата за администрација.
Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на
објавениот оглас.
Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде
пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во
живо на интернет страницата на Агенција за администрација.
Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од
завршување на фаза 2.