Regular Post
Written by igor.kocevski
ЈАВЕН ОГЛАС број 01/2025
Архивски број 0401-
Датум:
Врз основа на член 197 став 3 и став 4, 211 став 1 и 2 и член 212 став 3, 13 од Законот за социјална заштита (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.32/24), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ бр.143/19, 14/20 и 208/24), Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (Службен весник на РСМ бр.242/24), а по добиено Известување за обезбедни финансиски средства бр.19-2528/2 од 04.04.2025 година од Министерството за финансии, Правилникот за систематизација на работните места на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес бр.02-847/5 од 28.06.2019 година; и Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУМ Центар за социјална работа-Велес 02-1612/2 од 27.11.2019 година; 02-6011/2 од 29.12.2020 година; 02-215/2 од 31.01.2023 година и 02-59/2 од 05.01.2024 година , ВД Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС број 01/2025
за вработување на две (2) лица даватели на јавни услуги за следните работни места
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес, објавува јавен оглас за вработување на даватели на јавна услуга на неопределено време за двајца (2) извршители на следните позиции:
- Психолог – Стручен службеник од петто ниво, шифра на работно место СО30303А05018 , еден (1) извршител во Служба за услуги од социјална заштита – Оддел за услуги од социјална заштита
- Медицинска сестра – Помошно-стручен службеник од второ ниво, шифра на работно место СО30303Б02010 , еден (1) извршител во Служба за услуги од социјална заштита – Оддел дневни центри и советувалишта
- За работно место 1 – Психолог – Стручен службеник од петто ниво, за ниво А5 кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес и Законот за социјална заштита.
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
- За Психолог – Стручен службеник од петто ниво, стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, без или со работно искуство од најмалку една година, вид на образование – Психологија
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Стратешка свест,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
- За работно место 2 – Медицинска сестра – Помошно-стручен службеник од второ ниво, за ниво Б2 кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес и Законот за социјална заштита.
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
- За Медицинска сестра – Помошно-стручен службеник од второ ниво, најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МЕКСО или четиригодишно средно образование V A 60 до 120 кредити според ЕКТС, без работно искуство – медицински науки
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
- Уверение за државјанство
- Доказ за општата здравствена способност
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
- Доказ за соодветно работно искуство
- Доказ – Диплома / Уверение за завршено образование
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење (за работно место 1)
ЈУ Меѓуопштински центар за
социјална работа – Велес
ВД Директор
Нада Трајкова