announcement
Written by igor.kocevski

Јавен оглас број 03/2025

Архивски број 0401-4751/2   Врз основа на член 198 став 1 , 211 став 1 и 2 и член 212 став 3, 13 од Законот за социјална заштита (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.32/24), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ бр.143/19, 14/20 и 208/24), а во врска со член 22 и 23 од Закон за работни односи (Службен Весник на Република Македонија бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 134/16, 120/18 и Службен Весник на РСМ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (Службен весник на РСМ бр.242/24), а по добиено Известување за обезбедни финансиски средства бр.19-2528/2 од 04.04.2025 година од Министерството за финансии, Правилникот за систематизација на работните места на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес бр.02-847/5 од 28.06.2019 година; и Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУМ Центар за социјална работа-Велес 02-1612/2 од 27.11.2019 година; 02-6011/2 од 29.12.2020 година; 02-215/2 од 31.01.2023 година и 02-59/2 од 05.01.2024 година , ВД Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес објавува:  

ЈАВЕН ОГЛАС број 03/2025

за вработување на еден (1) извршител во Одделот за административни и помошно-технички работи

  ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес, објавува јавен оглас за вработување на помошно-техничко лице на неопределено време за еден (1) извршител на следната позиција:  
  1. Курир – друго помошно техничко лице од второ ниво, шифра на работно место СО30405Б02001 , еден (1) извршител во Одделот за административни и помошно-технички работи
  2. За работно место – Курир – друго помошно техничко лице од второ ниво, за ниво Б02 кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес и Законот за социјална заштита.
  Општи услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Секој кандидат треба да ги исполнува следните посебни услови утврдени со Законот за социјална заштита и Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес:  
  • помошно-техничко лице од второ ниво, вишо или средно образование
  • без работно искуство
Потребни општи работни компетенции на основно ниво се:
  • Учење и развој,
  • Комуникација,
  • Остварување резултати,
  • Работење со други/тимска работа,
  • Ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • Финансиско управување.
Работното време: понеделник до петок, од 07:30 до 15:30, 40 часа неделно   Основна нето месечна плата: 24.379,00 денари   Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот. Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена , сметано од денот на објавување на јавниот оглас. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес или да се симне од интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес http://www.jumcsrsveles.gov.mk   Кандидатите со уредна документација кои ги исполнуваат потребните услови ќе бидат повикани на интервју во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:  
  • Уверение за државјанство
  • Доказ за општата здравствена способност
  • Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
  • Доказ – Диплома / Уверение за завршено образование
Овој јавен оглас се објавува истовремено во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, како и на веб страницата и на огласната табла на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Велес. Пријавата со потребната документација треба да се достави преку архивата на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес на ул.,,Нада Бутникошарова,, бр. 3 Велес, до Одделот за административни и помошно-технички работи, како и до службената електронска адреса [email protected] со назнака за јавен оглас 03/2025. Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат.  

                                                                                        ЈУ Меѓуопштински центар за

                                                                                                              социјална работа – Велес

                                                                                                                              ВД Директор

                                                                                                           Нада Трајкова