ЈАВЕН ПОВИК – за избор на еден член на Совет на корисници
Јавна Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Велес врз основа на член 33 од Статутот на Јавната Установа за социјална работа Велес, објавува Јавен повик за избор на еден член на Совет на корисници.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени со член 33 став 2 од Статутот на Јавна Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Велес, според кој за член на Советот на корисници може да биде избрано лице:
-
корисник на права или услуги од надлежност на установата
-
родител/старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
-
лице кое не е осудувано со правосилна судска пресуда
-
лице кое не му е одземено родителско право
-
државјанин на Република Северна Македонија
0
