ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2019 ( Дефектолог ) – (Огласот е завршен)
Врз основа на член 212 став 5 од Законот за социјалната заштита (Службен Весник на Република Северна Македонија бр.104/19 И 146/2019 во врска со член 20-г од Закон за вработените во јавниот сектор (Службен Весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 ) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (Службен Весник на Република Македонија бр.34/15) Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа ВЕЛЕС објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2019
За вработување на неопреелено време на 1 давател на јавнa услугa од категорија А стручни (дефектолог )во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес за следното работно место:
1. СОЗО3О3А05021 Дефектолог – Стручен службеник од петто ниво еден извршител
во Дневен центар за деца и лица со интелектуална и телесна попреченост во развојот Општи услови · Да е државјанин на Република Македонија, · Активно да го користи македонскиот јазик , · Да е полнолетен, · Да има општа здравствена способност за работното место, · Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност · или должност. Посебни услови · За ниво А5 стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен ( · дефектологија) без или со најмалку една години работно искуство . · Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Општи работни компетенции на средно ниво: · Учење и развој, · Комуникација, · Остварување резултати, · Работење со други/тимска работа, · Ориентираност кон странките/засегнати страни и · Финансиско управување. Распоред на работно време: · Работни денови: Понеделник – Петок · Работни часови: неделно 40 часа · Работно време: од 07:30 до 15:30 часот · Паричен нето износ на плата : 26.200 денари |
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во инетрниот оглас, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес или да се симне од интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес http://www.jumcsrsveles.gov.mk
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на интерниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на проверка на веродостојноста на доказите и спроведување на интервју, на интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес – http://www.jumcsrveles.gov.mk
Право на учество имаат сите вработени во установата кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.
Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:
-Уверение за државјанство;
–Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
-Доказ за соодветното работно искуство;
-Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование;
-Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Напомена: Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2019 година вработувањата се предвидени за: еден Македонец..
Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес или по пошта на следната адреса: ул.”Нада Бутникошарова “ бр.3 – Велес (со назнака за ,,интерен оглас брoj – 1/2019,,)
Оддел за административни работи и управување со човечки ресурси – Комисија за селекција на кандидати за давател на јавна услуга.
Контакт телефон : 043 231 426
Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат.
По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од интернет страната на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Велес.
Директор
Азиза Џини