ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2019 за пополнување на работни места со унапредување ( Огласот е завршен )
Врз основа на челн 30, став 1, алинеја 2, став 3 и став 5 и член 48 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), Известувањето за обезбедни финансиски средства бр.18-9184/2 од 05.11.2019 година од Министерството за финансии, како и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во завинсост од категоријата на работното место за кој е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.11/15 и 35/18), како и Правилникот за систематизација на работните места на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес бр.02-847/5 од 28.06.2019 година, ЈУМ Центар за социјална работа-Велес објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2019
за пополнување на работни места со унапредување
Се објавува интерен оглас за унапредување на 3 (три) административни службеници со пополнување на следните работни места:
- Советник за јавни набавки – Советник, шифра на работно место СОЗ0102B01006 во Оддел за административни и помошно технички работи – 1 (еден) извршител
Посебни услови:
- Стручни квалификации: ниво на квалификациии VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКСТ или завршен VII/1 степен, вид на образование Економски науки, Правни науки
- Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство во струката,
- Потребни општи работни компетенции на средно ниво се:
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
- Посебните работни компетенции за нивото
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Други посебни услови – Потврда за положен испит за лице за јавни набавки
- Распоред на работното време:
- Работни денови: од понеделник до петок
- Работни часови: 40 часа неделно
- Работно време: од 07:30 до 15:30
- Паричен нето износ на плата:253,00 денари
- Советник – Правник, шифра на работно место СОЗ0102В01001 во Оддел за административни и помошно технички работи – 1 (еден) извршител
Посебни услови:
- Стручни квалификации: ниво на квалификациии VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКСТ или завршен VII/1 степен, вид на образование Правни науки
- Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство во струката,
- Потребни општи работни компетенции на средно ниво се:
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
- Посебните работни компетенции за нивото
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Распоред на работното време:
- Работни денови: од понеделник до петок
- Работни часови: 40 часа неделно
- Работно време: од 07:30 до 15:30
- Паричен нето износ на плата:253,00 денари
- Помлад соработник – Информатичар, шифра на работно место СОЗ0102В04005 во Оддел за административни и помошно технички работи – 1 (еден) извршител
Посебни услови:
- Стручни квалификации: ниво на квалификациии VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, вид на образование Информатички технологии, Информатика, Компјутерска техника и информатика
- Работно искуство: со или без работно искуство во струката
- Потребни општи работни компетенции на средно ниво се:
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
- Посебните работни компетенции за нивото
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- Распоред на работното време:
- Работни денови: од понеделник до петок
- Работни часови: 40 часа неделно
- Работно време: од 07:30 до 15:30
- Паричен нето износ на плата:697,00 денари
Кандидатот кој аплицира на интерниот оглас треба да ги исполнува и следните општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со закон и со актот за систематизација, како и:
- да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
- да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место кое се пополнува или да е на работно место во рамките на иста категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и доказ за исполнување на општите и посебните услови за работното место (доколку истите ги немаат претходно доставено во персоналното досие) преку архивата на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес до Одделот за административни и помошно-технички работи на ул.,,Нада Бутникошарова,, бр. 3 Велес, како и до службената електронска адреса [email protected] со назнака ,,за интерен оглас 01/2019,,.
Превземи пријава за ОгласКандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврда за успешно реализирани обуки
- потврда за успешно реализирано менторство
Рок за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот.
Ненавремена, нецелосна и неуредна пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од Агенцијата за администрација на барање на ЈУМ Центар за социјална работа-Велес.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка
Д И Р Е К Т О Р
Азиза Џини
______________