oglasi
Written by igor.kocevski

ЈАВЕН ОГЛАС за избор на директор на ЈУ Меѓуопштински центар за Социјална работа – Велес

Врз основа на член 184 став 1 алинеја 7 од Законот за социјална заштита (Службен весник на РСМ бр. (104/19,146/19,275/19,302/20 и 311/20)                 и член 15 став 1 алинеја 7 од Статутот  на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес и Одлуката на Управниот одбор бр.02-746/2 од 20.05.2021 година, Управниот одбор при  ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес , распишува

 

ЈАВЕН  ОГЛАС

за избор на директор на ЈУ Меѓуопштински центар за

Социјална работа – Велес

 

  1. Заинтересираните кандидати покрај општите услови утврдени со закон треба да ги исполнуваат и следните услови:

 

Општи услови

  • Да е државјанин на Република Македонија;
  • Активно да го користи македонскиот јазик
  • Да е полнолетен
  • Да има општа здравствена состојба за работното место
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

Посебни услови

  • Да имаат завршено високо образование VII/1 степен на стручна подготовка или 240 кредити според ЕКТС, од следните образовни профили: дипломиран социјален работник, психолог, педагог, правник, економист, дефектолог  или социолог;
  • Да имаат минимум пет  години работно искуство по дипломирањето;
  • Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
  • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен или
  • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода.или АПТИС(АPTIS}најмалку Б2(B2)(
  • Да поднесе подготвена програма за раководење со установатa

 

Распоред на работното време

Работни денови понеделник-петок

Работни часови неделно 40

Работно време 7,30-15,30

Нето платата изнесува   43.146     денари.

 

Рокот за доставување на пријавите со потребните докемти е 15(петнаесет)дена сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас(не сметајки го денот на објавување на огласот)

Условите наведеи во огласот канидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

Право на учество имаат сите граѓани на РСМкои ги исполнуваат условите за конкурирање

 

  1. Кандидатите кон пријавата треба да ги достави следните документи:
  • Пријава со кратка биографија;
  • Уверение за државјанство не постаро од шест месеци
  • Уверение дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Лекарско уверение не постаро од шест месеци
  • Доказ за завршено соодветно високо образование-уверение или диплома;
  • Доказ за минимум пет години работно искуство по дипломирањето;
  • Соодветен меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години;и

 

  • Подготвена програма за раководење со установатa.

 

  1. Документите се доставуваат во оригинал или фотокопија заверена на Нотар.
  2. Јавниот оглас трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето
  3. Непополнетата и нецелосна пријава како и некомплетната документација и документацијата доставено по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Контакт  телефон 043-231-426

  1. Пријавите со потребните документи да се доставуваат до Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Велес на следната адреса, ул. „Нада Бутникошарова“ бр. 3 – Велес со назнака јавен оглас број 1/2021 година.

 

ЈУ Меѓуопштински центар

за социјална работа – Велес

     УПРАВЕН ОДБОР

      Председател,

Биљана К Гушева