Одлука За избор на кандидат
Врз основа на член 2, став 2 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ број 27/14 , 199/14,27/16, 35/18 и 198/18) и член 188 став 6 и член 212 став 1 од Законот за социјална заштита (Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019 год.и146/2019 и Правилникот за систематизација на работните места во Јавната установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Велес број 02-847/5 од 28.06.2019 год. на ден 20.12.2019 год. Директорот на установата донесе:
О д л у к а
За избор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга
1.За извршител на работно место под реден број на работното место бр. 19, шифра на работното место СОЗ0303А05015, назив на работното место Правник звање на работното место Стручен службеник од петто ниво (еден извршител),вид на образование Правен факултет се избира Андријана Велинова дипломиран правник.
2.Именуваниот кандидат ке биде вработен на работното место од став 1 на оваа одлука по завршувањето на постапката за избор и конечноста на одлуката.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на веб страната и на огласна табла на установата.
О б р а з ло ж е н и е
Врз основа на утврдената потреба со Одлука за пополнување на словодно работно место по пат на обавување на јавен оглас број 04-1713/1 од 13.12.2019 година за пополнување на слободно работно место со вработување на лице по пат на објавување на јавен оглас а по предходно обезбедени финансиски средства од страна на Министерство за финансии преку Министерство за труд и социјална политика бр.04-8739/2 од 22.11.2019 год. ЈУМ Центар за социјална работа Велес објави јавен оглас бр.05/2019 год.од 13.12.2019 (на 16.12.2019 во дневен печат) за вработување на еден извршител на рабното место под реден број на работното место број 19 шифра на работното место СОЗ0303А05015, назив на работното место правник , звање на работното место правник Стручен службеник од петто ниво еден извршител во Службата за права на парична помош .
Во врска со јавниот оглас објавен на веб страната на установата и во Дневните весници Вечер и Лајм за пополнување на работното место преку постапка за вработување по јавен оглас Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас формирана со Одлука бр.04-1713/1од 13.12.2019 година на ден 20.12.2019 год. спроведе постапка за веродостојноста на доказите и интервју за наведеното работно место на 20.12.2019 година.
По спроведената постапка за веродостојноста на доказите и интервјуто одржано на ден 20.12.2019 година Комисијата изготви ранг листа на кадидати по јавен оглас број 04/2019 год,број на ранг листа број 04-1713/5 од 20.12.2019 год.
Врз основа на тоа, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Државна комисија за одлучување во управвна постапка во работен однос во втор степен во рок од 8 дена од денот на приемот на известувањето и Одлука за избор на кандидатите.
Доставено до
Именуваниот
-Оддел за административни работи-архива
ДИРЕКТОР
Азиза Џини