oglasi
Written by igor.kocevski

Одлука за избор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга по пат на јавен оглас

За извршител на работното место, звање на работното место Правник звање на работно место – стручен службеник од петто ниво, шифра на работното место C030303A05015, еден извршител во Службата за права на парична помош, вид на образование – правни науки, по јавен оглас за вработување бр.03/2026, СЕ ИЗБИРА Ивана Миленковски. Именуваниот кандидат ќе биде распореден на работното место од став 1 на оваа одлука по конечноста на одлуката, за што ќе се донесе посебно решение за вработување. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување, а ќе се објави на интернет страната на ЈУ МЦСР Велес и на Огласната табла на установата.
announcement
Written by igor.kocevski

Одлука За неизбор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга по пат на јавен оглас

За извршител на работното место, назив на работното место Педагог, звање на работно место стручен службеник од петто ниво, шифра на работното место CO30303A05019, еден извршител во Службата за услуги од социјална заштита, Оддел за услуги од социјална заштита вид на образование – Педагогија, по јавен оглас за вработување бр. 02/2026, НЕ СЕ ВРШИ ИЗБОР. 2. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување, а ќе се објави на интернет страната на ЈУМ ЦСР Велес и на Огласната табла на установата.  

Образложение

Врз основа на добиено Известување за обезбедени финансиски средства бр.19-1201/2 од 23.02.2026 година од Министерството за финансии доставено преку за социјална политика, демографија и млади, донесена е Одлука за пополнување на слободно работно место со вработување на лице по пат на објавување на јавен оглас бр. 0401-6554/1 од 07.09.2026 година и е објавен Јавен оглас 07.09.2026 бр.02/2026 за пополнување на работно место со вработување бр. 0401-6554/2 , објавен на ден 09.09.2026 година во два дневни весника од кои од весниците кои се издаваат на македонски јазик – Слободен печат и еден од весниците кои се издаваат на јазикот кои го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот – Лајм, како и на интернет страната и на огласна табла на установата. Со Одлука бр. 0401-6554/1 од 07.09.2026 година формирана е Комисија за селекција за вработување по јавен оглас која ја спроведе постапката на административна селекција на кандидатите. По спроведената постапка, Комисијата за селекција за вработување изготви Записник од административна селекција бр. 0401-6554/4 од 18.09.2026 година, при што состави Финална ранг листа од одржана административна селекција за јавен оглас бр 02/2026, бр. 0401-6554/5 од 18.09.2026 година, според која за работното место од точка 1 на оваа Одлука нема пријавено кандидат кој се квалификува за вработување. Имајќи го во предвид горенаведеното, В.Д.Директорот на ЈУМ Центар за социјална работа Велес донесе одлука да не се изврши избор, како во диспозитивот. ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка во работен однос во втор степен во рок од 8 дена од денот на приемот на Одлуката за избор на кандидат..
1 2 3 4