Одлука за избор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга
Врз основа на член 2, став 2 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ број 27/14 , 199/14,27/16, 35/18 и 198/18) и член 188 став 6 и член 212 став 1 од Законот за социјална заштита (Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019 год.и146/2019 и Правилникот за систематизација на работните места во Јавната установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Велес број 02-847/5 од 28.06.2019 год. на ден 22.11.2019 год. Директорот на установата донесе:
О д л у к а
За избор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга
1.За извршител на работно место под реден број на работното место 18, шифра на работното место СОЗ0303А05028, назив на работното место Стручен Службеник од петто ниво, звање на работното место тријажер дипломиран социјален работник во Служба за права на парична помош се избира Соња Атанасовска.
2.Именуваната ке биде вработена на работното место од став 1 на оваа одлука по завршувањето на постапката за избор и конечноста на одлуката.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на веб страната и на огласна табла на установата.
О б р а з ло ж е н и е
Врз основа на утврдената потреба со Одлука број 04-1542/1 од 14.11.2019 година за пополнување на слободно работно место со вработување на лице по пат на објавување на јавен оглас а по предходно обезбедени финансиски средства од страна на Министерство за финансии преку Министерство за труд и социјална политика бр.04-8165/1 од 01.11.2019 год. ЈУМ Центар за социјална работа Велес објави јавен оглас бр.02/2019 год.од 14.11.2019 год за вработување на еден извршител на рабното место под реден број на работното место број 18 шифра на работното место СОЗ0303А05028, назив на работното место тријажер , звање на работното место дипломиран социјален работник Стручен службеник од петто ниво во Службата за права на парична помош .
Во врска со јавниот оглас објавен на веб страната на установата и во Дневните весници Вечер и Лајм за пополнување на работното место преку постапка за вработување по јавен оглас Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас формирана со Одлука бр.04-1542 од 14.11.2019 година на ден 21.11.2019 год. спроведе постапка за веродостојноста на доказите и на 22.11.2019 година интервју за наведеното работно место.
По спроведената постапка за веродостојноста на доказите и интервјуто Комисијата изготви ранг листа на кадидати по јавен оглас број на ранг листа 02/2019 год,број на ранг листа 04-1542/5 од 22.11.2019 год.
Врз основа на тоа, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Државна комисија за одлучување во управвна постапка во работен однос во втор степен во рок од 8 дена од денот на приемот на известувањето и Одлука за избор на кандидатите.
Доставено до
Именуваниот
-Оддел за административни работи
-архива
ДИРЕКТОР
Азиза Џини