Одлука за избор на раководител
Врз основа на член 2, став 2 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ број 27/14 , 199/14,27/16, 35/18 и 198/18) и член 188 став 6 и член 212 став 1 од Законот за социјална заштита (Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019 год.и146/2019 и Правилникот за систематизација на работните места во Јавната установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Велес број 02-847/5 од 28.06.2019 год. на ден 13.12.2019 год. Директорот на установата донесе:
О д л у к а
За избор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга
Раководител на Службата за услуги од социјална заштита
1.За извршител на работно место под реден број на работното место 22, шифра на работното место СОЗ0303А01002, назив на работното место давател на јавна услуга Раководител на Служба за услуги од социјална заштита звање на работното место Раководен службеник од прво ниво, вид на образование социјална работа и социјална политика,Психологија,социологија по пат на јавен оглас применувајки го начелото на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници СЕ ИЗБИРА прворангираниот кандидат м-р Биљана Домазетова социолог и м-р по социјална работа.
2.Именуваниот кандидат ке биде вработен на работното место од став 1 на оваа одлука по завршувањето на постапката за избор и конечноста на одлуката.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на веб страната и на огласна табла на установата.
О б р а з ло ж е н и е
Врз основа на утврдената потреба со Одлука број 04-1661/1 од 04.12.2019 година за пополнување на слободно работно место со вработување на лице по пат на објавување на јавен оглас а по предходно обезбедени финансиски средства од страна на Министерство за финансии преку Министерство за труд и социјална политика бр.04-8165/2 од 12.11.2019 год.и 04-8165/5 од 0312.2019 година , ЈУМ Центар за социјална работа Велес објави јавен оглас бр03/2019 год.од 04.12.2019 год за вработување на еден извршител на рабното место под реден број на работното место број 22 шифра на работното место СОЗ0303А01002, назив на работното место давател на јавна услуга Раководител на Служба за услуги од социјална заштита звање на работното место Раководен службеник од прво ниво вид на образование социјална работаи социјална политика,Психологија,социологија по пат на јавен оглас применувајки го начелото на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници .
Во врска со јавниот оглас објавен на веб страната на установата и во Дневните весници Вечер и Лајм за пополнување на работното место преку постапка за вработување по јавен оглас Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас формирана со Одлука бр.04-1641/1од 04.12.2019 година на ден 12.12.2019 год. спроведе постапка за веродостојноста на доказите и интервју за наведеното работно место.
По спроведената постапка за веродостојноста на доказите и интервјуто Комисијата изготви ранг листа на кадидати по јавен оглас број на ранг листа 03/2019 год,број на ранг листа 04-1661/5 од 13.12.2019 год.
Врз основа на тоа, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Државна комисија за одлучување во управвна постапка во работен однос во втор степен во рок од 8 дена од денот на приемот на известувањето и Одлука за избор на кандидатите.
Доставено до
Именуваниот -Оддел за административни работи
-архива
ДИРЕКТОР
Азиза Џини