Одлука За избор на кандидат за унапредување на давател на јавна услуга
Врз основа на член 2, став 2 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ број 27/14 , 199/14,27/16, 35/18 и 198/18) и член 188 став 6 и член 212 став 1 од Законот за социјална заштита (Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019 год.и146/2019 и Правилникот за систематизација на работните места во Јавната установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Велес број 02-847/5 од 28.06.2019 год. на ден 19.11.2019 год. Директорот на установата донесе:
Одлука
За избор на кандидат за унапредување на давател на јавна услуга
1.За извршител на работно место под реден број на работното место 31 шифра на работното место СОЗ0303А05021, назив на работното место Стручен Службеник од пето ниво, звање на работното место Дефектолог од петто ниво еден извршител(1) во Служба за услуги на социјална заштита Оддел Дневни Центри и советувалиште Дневни центри Дневен центар за деца и лица со ментална или телесна попреченост по пат на унапредување се избира Даниела Ѓорѓиевска од 19.11.2019 година.
2.Именуваниот кандидат ке биде унапредена на работното место од став 1 на оваа одлука по завршувањето на постапката за унапредување и конечноста на одлуката.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на веб страната и на огласна табла на установата.
О б р а з ло ж е н и е
Врз основа на утврдената потреба со Одлука број 04-1536/1 од 13.11.2019 год. за пополнување на слободно работно место со вработување на лице по пат на унапредување-интерен оглас, по предходно обезбедени финансиски средства од страна на Министерство за финансии преку Министерство за труд и социјална политика бр.18-9184/2 од 05.11.2019 година. ЈУМ Центар за социјална работа Велес објави интерен оглас бр01/2019 год.од13.11.2019 год за унапредување на еден извршител на рабното место под реден број на работното место број 31 шифра на работното место СОЗ0303А05021, назив на работното место Дефектолог, звање на работното место правник Стручен службеник од петто ниво еден извршител во Дневен Центар за деца и лица со ментална или телесна попреченост.
По спроведената постапка за веродостојноста на доказите и интервјуто Комисијата изготви ранг листа на кадидати по интерен оглас број на ранг листа 01/2019 год,број на ранг листа 04-1536/6 од 19.11.2019 година.
Врз основа на тоа, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Државна комисија за одлучување во управвна постапка во работен однос во втор степен во рок од 8 дена од денот на приемот на известувањето и Одлука за избор на кандидатите.
Доставено до
Именуваниот
-Оддел за административни работи
-архива
ДИРЕКТОР
Азиза Џини