ЈАВЕН ПОВИК – За формирање на Советот на корисници
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес врз основа на член 33 од Статут на Јавна Установа за социјална работа Велес објавува јавен повик за формирање на совет на корисници.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени со член 33 став 2 од Статут на Јавна Установа за социјална работа Велес според кој за член на Совет на корисници може да биде избирано лице:
- корисник на права или услуги од надлежност на установата
- родител / старател на лице корисник на права или услуги од надлежност на установата
- лице кое не е осудувано со правосилна судска пресуда
- лице кое не му е одземно родителско право
- државјанин на Република Северна Македонија
При поднесување на апликацијата лицето односно кандидатот кое се јавува на јавниот повик треба да ги достави следниве документи:
- потврда дека е корисник на право или услуга или потврда дека е родител или стрател на лице корисник на права или услуга од надлежност на установата
- потврда за неосудуваност
- потврда дека не му е одземено вршењето на родителското право
- кратка биографија
- мотивационо писмо
- државјанство
Советот на корисници е составен од 5 члена .
Мандатот на членовите на Советот на корисници трае 4 години.
Нa член на Советот на корисници мандатот може да му престане и пред истекот, доколку го изгуби статусот на корисник на право или услуга од надлежност на установата и по барање.
Надлежности на Советот на корисници се:
- предлага програми за подобрување на работата и стандардите на установата
- предлага член на Управниот одбор од редот на своите членови
- дава предлози и мислења до директорот и управниот одбор за други прашање што се од интерес за корисниците и установата.
Работата на Советот на корисници се регулира со Деловник за работа на Советот на корисници .
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 7 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на јавниот повик (не сметајќи го денот на самото објавување).
ДИРЕКТОР
Азиза Џини