ОДЛУКА – За избор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга
За избор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга
1.За извршител на работно место под реден број на работното место 18, шифра на работното место СОЗ0303А05028, назив на работното место Тријажер, звање на работното место Дипломиран Социјален работник Стручен службеник од петто ниво еден извршител(1) во Служба за права на парична помош се избира Елена Петрушевска.
2.Именуваниот кандидат ке биде вработен на работното место од став 1 на оваа одлука по завршувањето на постапката за избор и конечноста на одлуката.
3.Кандидатите Соња Анастасовска ,Александра Ристова и Александра Ристова Климкарова пријавени по пат на јавен оглас објавен во дневните весници Вечер и Лајм и на веб страната на установата не се избрани за засновање на работен однос на неопределено време на работно место Тријажер Дипломиран Социјален работник стручен службеник од петто ниво во ЈУМ Центар за социјална работа Велес
.
4.Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на веб страната и на огласна табла на установата.
О б р а з ло ж е н и е
Врз основа на утврдената потреба со Одлука број 04-1468/1 од 01.11.2019 година за пополнување на слободно работно место со вработување на лице по пат на објавување на јавен оглас а по предходно обезбедени финансиски средства од страна на Министерство за финансии преку Министерство за труд и социјална политика бр.04-7600/1 од 16.10.2019 год. ЈУМ Центар за социјална работа Велес објави јавен оглас бр01/2019 год.од01.11.2019 год за вработување на еден извршител на рабнотно место под реден број на работното место број 18 шифра на работното место СОЗ0303А05028, назив на работното место тријажер, звање на работното место дипломиран социјален работник Стручен службеник од петто ниво еден извршител во Службата за права на парична помош .
Во врска со јавниот оглас објавен на веб страната на установата и во Дневните весници Вечер и Лајм за пополнување на работното место преку постапка за вработување по јавен оглас Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас формирана со Одлука бр.04-1468/1од 01.11.2019 година на ден 14.11.2019 год. спроведе постапка за веродостојноста на доказите и интервју за наведеното работно место.
По спроведената постапка за веродостојноста на доказите и интервјуто Комисијата изготви ранг листа на кадидати по јавен оглас број на ранг листа 01/2019 год,број на ранг листа 04-1468/7од 14.11.2019 год.
Врз основа на тоа, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Државна комисија за одлучување во управвна постапка во работен однос во втор степен во рок од 8 дена од денот на приемот на известувањето и Одлука за избор на кандидатите.
Доставено до
Именуваниот -Оддел за административни работи
-архива
ДИРЕКТОР
Азиза Џини