ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ – ( СОЗ0303А05017 / СОЗ0303А05018 )
Врз основа на член 2, став 2 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ број 27/14 , 199/14,27/16, 35/18 и 198/18) и член 188 став 6 и член 212 став 1 од Законот за социјална заштита (Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019 год.и146/2019 и Правилникот за систематизација на работните места во Јавната установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Велес број 02-847/5 28.06.2019 год; 1612/2 од 27.11.2019 год; 02-6011/2 од 29.12.2020 на ден 19.12.2022 год Директорот на установата донесе
О д л у к а
За избор на кандидати за вработување на даватели на јавни услуги
1.За извршител на работно место под реден број 1. на работното место бр. 17a, шифра на работното место СОЗ0303А05017, назив на работното место дипломиран социјален работник, звање на работното место Стручен службеник од петто ниво (еден извршител), вид на образование високо, висока школа за социјална работа се избира Амра Јаворовац дипломиран социјален работник.
2.Именуваниот кандидат ке биде вработен на работното место од став 1 на оваа одлука по завршувањето на постапката за избор и конечноста на одлуката.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на веб страната и на огласната табла на установата.
1.За извршител на работно место под реден број 2. на работното место бр. 27, шифра на работното место СОЗ0303А05018, назив на работното место дипломиран психолог, звање на работното место Стручен службеник од петто ниво (еден извршител), вид на образование високо, Факултет за психологија се избира Радица Коцевска дипломиран психолог.
2.Именуваниот кандидат ке биде вработен на работното место од став 1 на оваа одлука по завршувањето на постапката за избор и конечноста на одлуката.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на веб страната и на огласната табла на установата.
О б р а з ло ж е н и е
Врз основа на утврдената потреба со Одлука за пополнување на слободни работни места по пат на објавување на јавен оглас број 01/22 од 05.12.2022 година за пополнување на слободни работни место со вработување на лица по пат на објавување на јавен оглас а по предходно обезбедени финансиски средства од страна на Министерство за финансии преку Министерство за труд и социјална политика бр.0401-1750/1 од 05.12.2022 год. ЈУМ Центар за социјална работа Велес објави јавен оглас бр. 01/2022 год.од 05.12.2022 (на 06.12.2022 во дневен печат) за вработување на двајца извршители на работните места; под реден број на работното место број 17а шифра на работното место СОЗ0303А05017, назив на работното место дипломиран социјален работник, звање на работното место социјален работник стручен службеник од петто ниво еден извршител во службата за права на парична помош и под реден број на работното место број 27 шифра на работното место СОЗ0303А05018, назив на работното место дипломиран психолог, звање на работното место психолог стручен службеник од петто ниво еден извршител во службата за услуги од социјална заштита.
Во врска со јавниот оглас објавен на веб страната на установата и во Дневните весници Слободен печат и Лајм за пополнување на работните места преку постапка за вработување по јавен оглас Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас формирана со Одлука бр.04-1755/1 од 05.12.2022 година на ден 15.12.2022 год. спроведе постапка за веродостојноста на доказите и интервју за наведеното работно место на 16.12.2022 година.
По спроведената постапка за веродостојноста на доказите и спроведеното интервју Комисијата изготви ранг листа на кадидати по јавен оглас број 01/2022 год, број на ранг листа број 04-1755/7 од 16.12.2022 год.
Врз основа на тоа, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.
ПРАВНА ПОУКА Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Државна комисија за одлучување во управвна постапка во работен однос во втор степен во рок од 8 дена од денот на приемот на известувањето и Одлука за избор на кандидатите.
Доставено до
Именуваните
-Оддел за административни работи-архива
ДИРЕКТОР
Азиза Џини