oglasi
Written by igor.kocevski

Одлука за избор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга

Врз основа на член 2, став 2 и член 20-г  од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ број 27/14 , 199/14,27/16,  35/18 и 198/18) и член 188 став 6 и член 212 став 1 од Законот за социјална заштита  (Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019 год.и146/2019 и  Правилникот за систематизација  на работните места во Јавната установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Велес  број 02-847/5 од 28.06.2019 год. на ден 18.11.2019 год.  Директорот на установата донесе:

Одлука

За  избор на кандидат за вработување на давател на јавна услуга

1.За извршител на работно место под реден број на работното место 19, шифра на работното место СОЗ0303А05015, назив на работното место Стучен Службеник од пето ниво, звање на работното место  Правник од петто ниво еден извршител(1) во Служба за права на парична помош се избира Седат Узеири.

2.Именуваниот кандидат ке биде вработен на работното место од став 1 на оваа одлука по завршувањето на постапката за избор и конечноста на одлуката.

3.КандидатитеБилјана Ангелова Смилева,Ирена Стојановска Ружинова Анета Сугарева пријавени по пат на јавен оглас објавен во дневните весници Вечер и Лајм и на веб страната на установата не се избрани за засновање на работен однос на неопределено време на работно место  Правник стручен службеник од петто ниво во ЈУМ Центар за социјална работа Велес

4.Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на веб страната и на огласна табла на установата.

 

 Образложение

Врз основа на утврдената потреба со Одлука број 04-1468/1 од 01.11.2019 година  за пополнување на слободно работно место со вработување на лице по пат на објавување на јавен оглас а по предходно обезбедени финансиски средства од страна  на Министерство за финансии преку Министерство за труд и социјална политика бр.04-7600/1 од 16.10.2019 год. ЈУМ Центар за социјална работа Велес објави јавен оглас бр01/2019 год.од01.11.2019 год за вработување на еден извршител на рабното место под реден број на работното место број 19  шифра на работното место СОЗ0303А05015, назив на работното место  Правник, звање на работното место  правник Стручен службеник од петто ниво еден извршител во Службата за права на парична помош .

Во врска со јавниот оглас објавен на веб страната на установата и во Дневните весници Вечер и Лајм за пополнување на работното место преку постапка за вработување по јавен оглас Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас формирана со Одлука бр.04-1468/1од 01.11.2019 година на ден 18.11.2019 год. спроведе постапка за веродостојноста на доказите и интервју за наведеното работно место.

По спроведената  постапка за веродостојноста на доказите и интервјуто Комисијата изготви ранг листа на кадидати по јавен оглас број на ранг листа 01/2019 год,број на ранг листа 04-1468/7од 18.11.2019 год.

Врз основа на тоа, се изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

ПРАВНА ПОУКА Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Државна комисија за одлучување во управвна постапка во работен однос во втор степен во рок од 8 дена од денот на приемот на известувањето и Одлука за избор на кандидатите.

Доставено до
Именуваниот
-Оддел за административни работи
-архива

                                                                                                                                                                                                                                                                        ДИРЕКТОР

                                                                                                                        Азиза Џини